ТОЧНО 20 НА БРОЈ

ФЕДЕРЕР ВО СОЛЗИ, КАКО МАЛО ДЕТЕ: Ова е бајка!

Швајцарецот вели дека е задоволен од своите резултат остварени во минатата и на почетокот на оваа година...

објавено: 28 јануари 2018 - 15:25

Кој друг ако не Роџер Федерер...

Најголемиот тенисер на сите времиња, стигна и до својот јубилеен 20 Грен слем трофеј во богатата кариера.
Со 3:2 во сетови во големото финале на отвореното првенство на Австралија, го совлада цврстиот Хрват Марин Чилиќ, за да ја потврди доминацијата во светот на тенисот, уште еднаш...

„Кога ќе дојдете до големото финале секогаш во текот на денот размислувате во која насока ќе оди тој дуел. Ова е за мене вистинска бајка, почна минатата година, а сега продолжува да трае. Ова е неверојатно. И за мене и за целиот мој тим"- кажа Роџер по подигнувањето на трофејот.

Но не заборави, па макар и „куртоазно" да го пофали својот голем ривал во финалето.

„Благодарност до Марин, и честитки за сјајниот турнир и затоа што стана трет тенисер на светот. Продолжи така да работиш, можеш и повеќе од ова. Минавме сјајно време во Австралија"- кажа Федерер кој сега се израмни со Новак Ѓоковиќ и Австралиецот Рој Емерсон, сите имаа по шест трофеи во Мелбурн.

Најново во Други спортови