Фаворитите според планот на Индијан Велс

Федерер закажа нов дуел со Надал, Ѓоковиќ го совлада Дел Потро

Роџер Федерер го совлада Стив Џонсон со 2-0 во сетови и во борбата за место во четвртфиналето ќе игра против големиот ривал, Рафаел Надал. Новак Ѓоковиќ се пласираше во следната рунда, откако беше подобар од Хуан Мартин дел Потро со 2-1 во сетови.

објавено: 15 март 2017 - 08:27

Роџер Федерер обезбеди место во осминафиналето во Индијан Велс, откако го совлада Стив Џонсон со 2-0 во сетови (7:6, 7:6) и закажа нов дуел со својот голем ривал, Рафаел Надал. Двајцата тенисери одиграа доста тврд меч со брејк топки во двата сета, кога Федерер пропушти четири шанси, но Џонсон не ги искористи своите шанси.

Новак Ѓоковиќ продолжи победнички да чекори во одбрана на трофејот во Индијан Велс. Српскиот тенисер го совлада Аргентинецот, Хуан Мартин дел Потро со 2-1 во сетови (7:5, 4:6, 6:1) и ја забележа 300. победа во Местерсите. За противник во осминафиналето за противник ќе го има Ник Киргиос, кој беше подобар од Александар Зверев со 6:3, 6:4.

Најново во Други спортови