Епски меч во Валенсија со потег за паметење

Ферер се уште е тениски велемајстор - Шпанскиот матадор ја запали коридата во Валенсија (Видео)

Давид Ферер одигра епски меч во својата Валенсија и успеа со триумф против извонредниот Филип Колшрајбер да ја одведе Шпанија во полуфиналето во Дејвис купот по пазуа од пет години. Патем го заслужи и топ местото во најдобрите пет моменти во четвртфиналните дуели

објавено: 9 април 2018 - 11:00

Давид Ферер одигра епски меч во својата Валенсија и успеа со триумф против извонредниот Филип Колшрајбер да ја одведе Шпанија во полуфиналето во Дејвис купот по пазуа од пет години. Патем го заслужи и топ местото во најдобрите пет моменти во четвртфиналните дуели.

Во петтиот гем од четвртиот сет меѓу двајцата тениски мајстори се случи најдобрата акција на тениската корида во Валенсија. Колшрајбер имаше иницијатива, а во надмудрувањето на мрежа со ефектни потези на крајот Ферер изведе брилијантен удар за поен. И ги остави зад себе и Колшрајбер и Надал и Пуле и Зверев во топ-5 најефективни поени во четвртфиналето на Дејвис купот.

Погледнете ги Топ-5 потезите и особено потегот број 1 на Ферер.

 

Најново во Други спортови