Ново финале за македонската тенисерка

Финале во двојки во Кијасо за балканското дуо Ѓорческа-Најденова

Лина Ѓорческа и Александрина Најденова ќе играат во финалето во двојки на тенискиот турнир во Кијасо, вреден 25 илјади долари

објавено: 21 април 2017 - 20:25

Лина Ѓорческа и Александрина Најденова ќе играат во финалето во двојки на тенискиот турнир во Кијасо, вреден 25 илјади долари.

Во полуфиналето, балканскиот тандем Ѓорческа и Бугарката Најденова рутински ја надиграа против француско-швајцарската комбинација Жоржес и Суња во два сета, со 6:1,6:3.

Во финалето противнички ќе им бидат четвртите носителки на турнирот, Крамперова од Чешка и Ван дер Хок од Холандија.

Ѓорческа ги заврши настапите во поединечна конкуренција во четвртфиналето, по поразот од Катинка Вон Дихман од Лихтенштајн во три сета, со 3:6,6:0,2:6.

Најново во Други спортови