Квартетот тениски дами во конкуренција за нај-поен

Флипкенс како на флипер, поенот од Сеул фаворит за нај-потег на годината (Видео)

Белгијската тенисерка Кирстен Флипкенс е главен фаворит за најубавиот потег на сезоната, а нејзиниот удар од зад грб на ВТА турнирот во Сеул ќе има силна конкуренција во прекрасните изведби на Вознијацки, потоа и на Радвањска и на Халеп

објавено: 22 ноември 2016 - 15:35

Белгијската тенисерка Кирстен Флипкенс е главен фаворит за најубавиот потег на сезоната, а нејзиниот удар од зад грб на ВТА турнирот во Сеул ќе има силна конкуренција во прекрасните изведби на Вознијацки, потоа и на Радвањска и на Халеп.

Флипкенс играше во Сеул со Кристина Плишкова и на почетокот на вториот сет изведе неверојатно атрактивен удар од зад грб и освои поен. 

ВТА одлучи нејзиниот удар и потезите на Вознијацки во Окленд, на Радвањска во Индијан Велс и на Халеп во Монтреал да бидат во конкуренција за нај-потег во сезоната 2016.

Најново во Други спортови