ДЕЛ ПОТРО ОСВОИ ЕДНЕ СЕТ, НО...

Фуријата наречена Надал

Најдобриот тенисер на светот се пласираше во финалето на УС Опен откако во полуфиналето го совлада Аргентинецот Хуан Мартин Дел Потро со 3:1 во сетови...

објавено: 9 септември 2017 - 08:30

Рафаел Надал го победи Хуан Мартин Дел Потро во полуфиналето на УС Опен и си обезбеди 23 Грен слем финале во својата богата кариера. А за својата вкупно 16 титула ќе игра против Кевин Андерсон, кој нешто порано го елиминираше Пабло Карења Буста.

Дел Потро, кој е единствениот тенисер кој на исто место, на УС Опен ги совладал и Рафаел Надал и Роџер Федерер, најави едно такво сценарио, откако го доби првиот сет со (6:4).

Но уследи фуриозен одговор на Надал, кој не му даде ниту еден гем во вториот сет. Шпанецот не застана тука. Напротив серијата на освоени гемови отиде на бројката девет. Откако поведе со (3:0) во вториот сет, беше јасно дека бројот 1 ја превзема контролата во овој меч.
Го доби и третиот сет со (6:3), а со два брејка по ред, имаше и (5:1), во четврттиот, и веднаш да ја искористи првата меч-топка, и дојде до можност да заигра во уште едно Грен слем финале оваа сезона.
Против Кевин Андерсон, за кого ова ќе биде деби, односно прво Грен слем финале во кариерата.

Најново во Други спортови