На импресивен начин и стави крај на црната серија

Ѓаволски добра титула на Гергес на Кремљ купот

Германката Јулија Гергес е новата шампионка на Кремљ купот во Москва, а на импресивен начин со победа од 6:1, 6:2 против Дарија Касаткина ја прекина црната серија

објавено: 22 октомври 2017 - 12:30

Германката Јулија Гергес е новата шампионка на Кремљ купот во Москва, а на импресивен начин со победа од 6:1, 6:2 против Дарија Касаткина ја прекина црната серија од 6 порази во финалињата на ВТА турнирите. Последен пат Гергес славеше во 2011 година на турнирот во Штутгарт на свој терен, а потоа загуби шест финалиња по ред.

И вчера сепак не дозволи нов пораз во меч за титулата и ја декласира домашната тенисерка, за нешто повеќе од еден час.

Најново во Други спортови