СРБИНОТ ВЕРУВА ДЕКА СЕ ЌЕ ВРАТИ ВО СТАРАТА ФОРМА

Ѓоковиќ: Давам се од себе, ова е процес

Ноле се надева на нов трофеј на турнирот во Рим

објавено: 19 мај 2017 - 10:30

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ верува дека може да стигне до петата титула на Мастерсот во Рим. Популарниот Ноле досега четири пати во кариерата го има освојувано овој силен турнир. Сега е дел до четвртфиналето, каде за противник го има Аргентинецот Хуан Мартин Дел Потро. 

„Давам се од себе и се обидувам што е можно повеќе да го подигнам нивото на играта. Претходните неколку месеци не помонаа онака како што сакав, но истовремено верувам дека ова е еден процес, кој немилосрдно мора да се помине. Како поминуваат деновите, самодовербата ми е на повисоко ниво. Го сакам Рим, каде во минатото сум имал многу успеси. Подготвен сум за сите понатамошни предизвици“, рече Ѓоковиќ.

Србинот е втор носитер на Мастерсот во Рим, а фактот дека Енди Мареј веќе е елиминиран, Ноле има отворен пат за нов трофеј.

Најново во Други спортови