УШТЕ НА ПРВИОТ ДЕН СЕ ОЧЕКУВА ГОЛЕМА АТРАКЦИЈА

Ѓоковиќ и Федерер заедно во дубл на „Лејвер куп“

За прв пат српскиот и швајцарскиот тенисер ќе играат заедно во дубл, во тимот на Европа на „Лејвер куп" во Чикаго (САД).

објавено: 21 септември 2018 - 10:00

Ривали на освојувачите на 34. грен слем турнири ќе им бидат Јужноафриканецот Кевин Андерсон и Американецот Џек Сон кои ќе играат за „Остатокот од светот", а мечот е на програмата во ноќта помеѓу петок и сабота.

Претходно во ова натпреварување силите ќе ги одмерат Димитров и Френсис Тијафо (САД), а после нив Кајл Едмунд и Сок.

„Лејвер куп" е на програмата од 21-23 септември во „Јунајтед центар". Ова е неформално екипно натпреварување, првиот дуел на селекциите помеѓу Светот и Европа беше одигран минатата година во Прага, Чешка.

 

Најново во Други спортови