ИСПОВЕД НА АТРАКТИВНА НОВОСАЃАНКА

Ѓоковиќ имал љубовница?

Слаѓа Дамјановиќ јавно проговори за тоа дека имала љубовна афера со најдобриот српски тенисер

објавено: 19 март 2017 - 20:20

Новак Ѓоковиќ веќе неколку месеци не е најдобар тенисер во светот. Ѓоковиќ игра под своите очекувања, но покрај проблемите кои ги има на теренот, се почести се проблемите и надвор од него. 

Атрактивната Слаѓа Дамјановиќ јавно проговори за нејзината врска со Ѓоковиќ, но и за тоа дека останала да се гледа со него и му била љубовница.

„Беше тоа оддамна. Штом ме виде, на Новак веднаш му паднав во око. Ни јас не бев рамнодушна, бидејќи навистина сакам спортисти. Неколку пати дури ме носеше и на тениски мечеви, но јас го следев од различни делови на ложата, за да нема нешто сомнително. Дури ги запознав и неговите родители“, рече атрактивната девојка, за магазинот „Свет“.

 

Најново во Други спортови