СРБИНОТ СОБИРАШЕ ПАРИ ЗА СВОЈАТА ФОНДАЦИЈА

Ѓоковиќ имаше забавна вечер пред Австралискиот опен

Светскиот рекет број 2 и актуелен шампион од Австралискиот опен, Новак Ѓоковиќ се обиде да игра австралиски фудбал, крикет, кошарка, фудбал, но и тенис во инвалидска количка

објавено: 11 јануари 2017 - 16:45

Српскиот тенисер учествуваше во „Ноќта со Новак“ на Маргарет Корт арената, посебна вечер за неговата добротворна организација.

Ѓоковиќ се „бореше“ со фудбалерот на Мелбурн демонс, Макс Гаун, ги покажа своите квалитети со работа со левата нога жонглирајќи ја топката, се обиде да игра крикет. Покрај тоа, билетите, кои беа распродадени, им овозможија на посетителите да уживаат во шоу на „Сирк де солеил“ циркусот.

Фондацијата на Новак Ѓоковиќ поддржува подобрување на предшколското образование за деца. 

Најново во Други спортови