АКО ПАУЗИРА ДО ВИМБЛДОН

Ѓоковиќ може да испадне од Топ 250 на АТП листата

Српскиот тенисер имаше нова операција на лактот, а засега не се знае колку треба да мирува

објавено: 3 февруари 2018 - 20:35

Враќањето на Новак Ѓоковиќ на тенискиот терен траеше кратко. По настапот на Австралија опен, Србинот повторно мораше да оди на контрола поради повредата на лактот и следувашенова операција. 

Пред настапот на гренд слем турнирот во Мелбурн, популарниот Ноле паузираше шест месеци, а сега е можно уште една подолга пауза. Со неиграње на турнирите на кои минатата сезона освојувал поени, автоматски значи дека Ѓоковиќ ќе ги губи бодовите и ќе паѓа на следните рангирања на АТП листата. Моментно е на 13 место во светот со 2.470 поени. До крајот на годината ќе брани 2.290 поени. 

Првите 90 поени кои сигурно ќе ги загуби се тие од турнирот во Акапулко. Како ќе следуваат следните натпреварувања и неиграњето на Ѓоковиќ, ќе значи губење на нови поени. Ако паузира до гренд слем турнирот во Лондон, популарниот Вимблдон, Србинот ќе загуби толку многу поени што би значело и негово испаѓање од Топ 250 играчи во светот. 

 

 

 

Најново во Други спортови