НАЈДОБРИОТ ТЕНИСЕР ОДВОИ ОД СВОЕТО ВРЕМЕ

Ѓоковиќ му го разубави денот на болниот Џек (ФОТО)

Првиот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ се подготвува за одбрана на титулата на Вимблдон, а слбодното време го искористи за да се позабавува со едно младо момче.

објавено: 27 јуни 2015 - 20:32

Седумгодишниот Џек Валентајн боледува од неутропенија, болест која предизвикува многу помал број на бели крвни зрнца, па секојдневно прима инјекции за да го подобри имуниот систем.

Ѓоковиќ го повика барем на кратко да заборави на проблемите, а Србинот на загревањето пред егзибициониот меч на Будлис, размени неколку удари со момчето.

Џек му се заблагодари и преку социјалните мрежи, нарекувајќи го Ѓоковиќ најдобриот човек во тенисот.

Најново во Други спортови