ДОБРИ ВЕСТИ ЗА СРПСКИОТ СУПЕРСТАР

Ѓоковиќ направи тренинг во Мелбурн, ќе игра!

Ноле тренираше на „Род Лејвер" Арената, што е добар знак...

објавено: 6 јануари 2018 - 12:00

Во овој момент Новак Ѓоковиќ е 12 тенисер во светот, и од таа позиција ќе го почне своето враќање во светот на тенисот.

Србинот се труди со сите сили тоа да се случи уште на првиот Грен слем во сезоната, Австралискиот.
Првобитно, враќањето беше планирано кон крајот на декември, во Абуд Даби, а потоа дојде и повлекување од турнирот во Доха.

И иако најави дека дури потоа ќе ја донесе конечната одлука дали ќе игра во Мелбурн, славниот Србин наголемо се подготвува да биде дел од првиот тениски спектакл.
Работи на првиот терен на „Род Лејвер" арената во Мелбурн, а то го сподели и со своите следбеници на Инстаграм. Од снимките се гледа дека Ноле без особени проблеми ја удира топката од основната линија кон својот спаринг партнер, 22 годишниот Австралиец Стефан Кадави.
Дури и испрати кратка порака:

„Спремен сум"...

Инаку на централниот терен во Мелбурн тренираше и Рафаел Надал, кој исто така својот прв натпреварувачки меч во новата година ќе го има токму на 15. јануари кога стартува Австралиан Опен.

 

Најново во Други спортови