Нов пораз на српскиот тенисер

Ѓоковиќ не е во форма, Кирјос ја искористи шансата во Акапулко

Ник Кирјос направи сензација со победа против Новак Ѓоковиќ и ќе игра во полуфиналето на АТП турнирот во Акапулко

објавено: 3 март 2017 - 09:36

Ник Кирјос направи сензација со победа против Новак Ѓоковиќ и ќе игра во полуфиналето на АТП турнирот во Акапулко. Со 25 асови, австралискиот тенисер го бомбардираше противникот, го искористи падот на формата на Србинот и славеше со 7:6 (9), 7:5.

Лошото момче, или лудиот Кирјос како што го нарекуваат, овојпат беше смирен и покажа дека може да игра на врвно ниво. Во полуфиналето противник ќе му биде Сем Квери, кој го исфрли од игра Доминик Тим со победа од 2:0 во сетови.

За финале ќе играат и Рафаел Надал со Марин Чилиќ. 

 

 

Најново во Други спортови