УСПЕШЕН СТАРТ НА СРБИНОТ НА ЗАВРШНИОТ ТУРНИР СЕЗОНАВА

Ѓоковиќ потврди зошто е фаворит број 1 во Лондон! (ВИДЕО)

Српскиот тенисер и прв светски рекет стартуваше со победа на завршниот Мастерс оваа сезона во Лондон.

објавено: 12 ноември 2018 - 23:24

Новак Ѓоковиќ вечерва славеше против 10. играч на светот, Американецот Џон Изнер со резултат 2:0 по сетови 6:4 и 6:4.

Од самиот почеток видовме доминација на Србинот кој само потврди зошто е најголемиот кандидат за трофејот на завршниот турнир. Во петтиот гем направи „брејк" кој беше пресуден за освојувањето на првиот сет.

Во вториот сет Изнер тргна поагресивно, но и тоа му не помогна. Ѓоковиќ одлично сервираше, и уште еден „брејк" му беше сосема доволен да слави и во вториот сет.

Нареден противник на популарниот Ноле за два дена ќе биде Хрватот Марин Чилиќ кој претходно беше поразен од Александер Зверев со 7:6 (5) и 7:6 (1).

Најново во Други спортови