СРБИНОТ ОЧЕКУВА ГОЛЕМИ РАБОТИ

Ѓоковиќ: Се чувствувам феноменално!

Новак Ѓоковиќ оди на рекордна седма титула од Австралискиот опен и повторно е фаворит и покрај тоа што е втор на АТП-листата. Србинот вели дека се чувствува „феноменално!"

објавено: 12 јануари 2017 - 08:30

Ѓоковиќ го победи својот најголем ривал, светскиот број 1, Енди Мареј во финалето на Катар опен во саботата, најавувајќи дека проблемите од лани се во минатото. По поразот во третото коло на Вимблдон, тој загуби во првото коло на Олимпијадата во Рио и беше поразен од Стен Вавринка во финалето на УС опен, за годината да ја заврши со пораз од Мареј во АТП-финалето.

Пред Мелбурн, каде што има шест титули (вклучувајќи ги тие во 2015 и 2016), тој може дастане првиот тенсиер во историјата со седум победи, поминувајќи го Рој Емерсон.

„Се чувствувам феноменално. Возбуден сум од тоа што доаѓаме на најголемиот гренд слем во спортот. Со сите сеќавања кои ги имам тука, не можам да не сум среќен. Ова е година на седумката - 2017, седма титула... Не сум нумеролог, но добро звучи“, вели Србинот.

Најново во Други спортови