СРБИНОТ ГИ ИЗРАДУВА НАВИВАЧИТЕ

Ѓоковиќ: Се чувствувам подготвено! Одиме

Популарниот Ноледините поминбуваат  и дефинитивно ќе биде дел од првиот Гренд Слем турнир годинава, Отвореното првенство на Австралија

објавено: 9 јануари 2018 - 08:00

Некогашниот најдобар тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ ги израдува своите многубројни фанови. Србинот најави дека и дефинитивно ќе се појави на гренд слем турнирот во Мелбурн, кој стартува на 15 јануари. Ѓоковиќ тренираше на терените во Мелбурн, вест која ги израдува и организаторите на турнирот. 

Ѓоковиќ е најуспешниот тенисер на овој турнир. Популарниот Ноле досега шест пати во кариерата го освојуваше овој Гренд слем турнир. 

„Конечно се вратив на добро познат терен. Се чувствувам подготвено. Одиме. Секога година ми носи нов предизвик. Годините поминуваат, други личности сме. Секоја келија во телото се менува. Работев многу напорно, се обидував да дојдам во вистинско ментално здравје и во добра физичка подготвеност. Како и сите останати 127 тенисери, така и јас дојдов тука да уживам во играта и да се борам за трофејот. Еден од главните причини за кои сум тука, секако е да се обидам да стигнам до седмата титула“, рече Ѓоковиќ. 

Пред стартот на турнирот во Мелбурн, Ѓоковиќ ќе игра на егзибициски турнир, а потоа ќе ја чека ждрепката и првиот противник на Гренд слемот во Австралија. 

Најново во Други спортови