ЗАВРШИ СЕЗОНАТА ЗА СРПСКИОТ ТЕНИСЕР

Ѓоковиќ: Се гледаме следната година

Ноле реши дека му е потребна пауза од минимум шест месеци

објавено: 26 јули 2017 - 15:10

Тениската сезона за Новак Ѓоковиќ заврши. Српскито тенисер изјави дека поради повредите кои ги има, ќе мора да паузира барем шест месеци. Тоа значи дека натпреварувачката 2017 година, за него е завршена. 

„Професионално, за мене оваа одлука воопшто не е лесна. Морам да бидам отсутен некое време. Веројатно шест месеци. Се надевам дека за тоа време целосно ќе закрепнам. Секогаш сакам да гледам од позитивната страна. Ќе имам време да се рехабилитирам, но и да уживам со моето семејство. За еден и пол месец, јелена и јас ќе станеме родители по втор пат и се надевам дека ќе поминам квалитетно време со моето семејство и пријателите, а дури потоа да се вратам на теренот“, рече Ѓоковиќ.

На последниот одигран Гренд слем турнир во Вимблдон, популарниот Ноле, поради повреда мораше да го предаде четвртфиналниот дуел против Томаш Бердих. Според најавите тој би требало да се врати на теренот за Гренд слем турнирот во Мелбурн 2018 година. 

Најново во Други спортови