Иако мирува

Ѓорческа не игра и пак напредува

Лина Ѓорческа подолг период не игра тенис, поради проблемите со зглобот на раката, но сепак напредуваше за едно место на новата ранг-листа на ВТА

објавено: 8 јануари 2018 - 12:18

Лина Ѓорческа подолг период не игра тенис, поради проблемите со зглобот на раката, но сепак напредуваше за едно место на новата ранг-листа на ВТА.

Најдобрата макединска тенисерка сега е на 276. позиција со 194 поени. Лина нема да игра веројатно до март, по операцијата на зглобот, а секако ќе го пропушти и првиот гренд-слем во сезоната, Австралија опен. Турнирот во Мелбурн ќе се игра од 14. јануари.

Најново во Други спортови