НА НАЈНОВАТА РАНГ ЛИСТА

Ѓорческа падна за 31 позиција, сега е 212 во свет

Лина беше елиминирана уште во првото квалификациско коло на Вимблдон

објавено: 17 јули 2017 - 08:50

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа назадуваше дури 31 позиција на најновата ВТА листа. Ѓорческа немаше успешен настап на Вимблдон, откако беше елиминирана уште во првото квалификациско коло. Лина сега има 254 поени.

Во машка конкуренција, назадуваше и нашиот најдобар тенисер Томислав Јотовски. Иако вчера триумфираше на ИТФ турнирот во Грузија, Томи падна за осум места на АТП листата и сега е на 777 позиција во светот. На врвот во машка конкуренција, Едни Мареј е прв, пред Рафаел Надал, додека освојувачот на Вимблдон, Роџер Федерер сега е на третото место, пред Новак Ѓоковиќ.

 

Најново во Други спортови