Никако да се пробие двестотката

Ѓорческа падна за една позиција на ВТА листата

Лина Ѓорческа падна за една позиција на најновата ВТА листа и од денеска е на 206. позиција

објавено: 21 ноември 2016 - 10:45

Лина Ѓорческа падна за една позиција на најновата ВТА листа и од денеска е на 206. позиција. Нашата најдобра тенисерка веќе извесно време се обидува да ја пробие границата од 200, што би бил најдобар ранкинг за неа, но засега не успева.

Сепак со првиот настап на ВТА турнирите, Лина направи исчекор, па до крајот на годинава може да биде рангирана под двестотката.

Најдобра на светот е Анжелик Кербер, а зад неа во топ-5 се и Серена Вилијамс, Агњешка Радвањска, Симона Халеп и Доминика Цибулкова.

Кај мажите број ееден е Енди Мареј, пред Новак Ѓоковиќ, Милош Раониќ, Стен Вавринка и Кеи Нишикори.

Најдоброрангиран македонски тенисер е Томислав Јотовски на 769. позиција.

Најново во Други спортови