Повтроно против Американка во квалификациите за гренд-слем

Ѓорческа против Викери за почеток на квалификациите на Австралија опен

Лина Ѓорческа повторно ќе игра против Американка, овојпат со Саша Викери на стартот на квалификации за настап на гренд-слем, утре во Мелбурн на Австралија опен

објавено: 11 јануари 2017 - 11:01

Лина Ѓорческа повторно ќе игра против Американка, овојпат со Саша Викери на стартот на квалификации за настап на гренд-слем, утре во Мелбурн на Австралија опен.

Викери е подоброрангирана на нашата тенисерка и е 137. на ВТА листата, што ја прави фаворитка. Ѓорческа тргнува од 206. позиција во вториот обид да мине барем едно коло во квалификациите на гренд-слем турнир. Во првиот обид на САД опен, лани, Ѓорческа загуби од Белис со 0:6, 2:6.

Дуелот меѓу нашата најдоброрангирана тенисерка и 18-годишната противничка од САД ќе се игра на 22. терен на гренд-слем комплексот во Мелбурн, како трет меч во програмата, што треба да почне точно на полноќ.

Најново во Други спортови