Иако не настапуваше на ниту еден турнир

Ѓорческа „скокна“ едно место на ВТА листата

Нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа се најде на 192. место на најновата ВТА ранг листа во сингл.

објавено: 20 март 2017 - 10:00

Иако не настапуваше на ниту еден турнир, Лина Ѓорческа сепак забележа напредок од едно место на најновата ВТА ранг листа. Нашата најдобра тенисерка се најде на 192 позиција во синл со 279 поени. Во конкуренција на двојки Ѓорческа остана на истата позиција, се наоѓа на 138 место со 534 поени.  

Во машка конкуренција, Томислав Јотовски забележа напредок од три места АТП листата, тој е на 771. позиција, додека Димитар Грабул е на 1028 место.

Роџер Федерер забележа најголемиот скок на најновата АТП листа објавена денеска. По вчерашната победа на Индијан Велс се искачи за четири позиции, се најде на шестото место. Енди Мареј и натаму е на врвот, пред најголемиот ривал  Новак Ѓоковиќ.

Најново во Други спортови