Нашата тенисерка на чекор до финалето

Ѓорческа во полуфиналето на фјучрсот во Италија

Нашата најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа се пласираше во полуфиналето во двојки на фјучрсот во Санта Маргарита ди Пула. 

објавено: 30 март 2017 - 20:20

Нашата најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа се пласираше во полуфиналето во двојки на фјучрсот во Санта Маргарита ди Пула. Ѓорческа заедно со Американката Бернарда Пера ги совладаа Веронкиа Кудерметова од Русија и Валентини Граматикопулу од Грција со 2-0 во сетови (6-1, 6-3).

Во полуфиналето, Ѓорческа и Пера ќе играат против домашните тенисерки, Алис Матеучи и Камила Росалето кои се четврти носителки.

Најново во Други спортови