ФАВОРИТИТЕ НЕМА ВЕЌЕ ДА СЕ „ШЕТААТ“ ДО ЗАВРШНИЦАТА

Голема промена на гренд слем турнирите

Наместо досегашните 32 носители, ќе има 16 играчи кои ќе ја имаат улогата на носители на турнирот

објавено: 22 ноември 2017 - 13:10

Големи промени се подготвени во светскиот тенис. Организаторите на најголемите турнири во годината, имаа состанок во Лондон и донесоа интересна промена. Наместо досегашните 32 носители, од 2019 година, на Гренд слем турнирите „Австралија Опен“, „Ролан Гарос“, „Вимблдон“ и „УС Опен“ ќе бидат поставени 16 носители во машка и женска конкуренција.

До 2001 година постоеја само 16 носители, но потоа организаторите на УС Опен, по барање на ТВ куќите, решија за двојно да го зголема бројот на носители. Сега повторно се враќа „шемата“ од пред речиси 20 години. 

„Кога почнував со тенисот беше многу поинтересно. Актуелниот систем со 32 носители во дозволува да се чувствувате малку посигурни, но мислам дека ќе биде поинтересно ако бројот на носители се намали на 16. Ни јас не би сакал на стартот од турнирот да играм со 17 или 20 играч во светот, но...“, рече најтрофејниот тенисер во историјата, Роџер Федерер. 

За нешто повеќе од една година ќе стартува новиот систем, кога ќе се види дали ќе има повеќе изненадувања на големите натпреварувања.  

Најново во Други спортови