ПОРАЗ ОД НЕКОГАШНАТА НАЈДОБРА ТЕНИСЕРКА ВО СВЕТОТ

Хингис сепак пресилна за нашата Лина

Лина Ѓорческа имаше можност, во игра на двојки, да почувствува како е да се игра против една од најуспешните тенисерки во историјата на овој спорт

објавено: 13 април 2017 - 23:16

Лина Ѓорческа и нејзината партнерка Анастасија Комардина загубија од двојката Хингис/Бачински со 6:4, 6:0, на ВТА турнирот во Бил, Швајцарија. За Ѓорческа ова беше можност да се сретне против една од најдобрите тенисерки во историјата, Мартина Хингис. 

Некогашната најдобра тенисерка во светот сега покажува дека во игра на двојки може да парира и на многу помладите од нејзе. Нашата Лина заедно со партнерката успеаа рамноправо да играат во првиот сет, но го загубија со 6:4. Во вториот сет, Хингис/Бачински по брза постапка со 6:0 славеа и продолжија во следната фаза, а за Лина остана едно големо искуство, настапот против легендарната Хингис. 

Најново во Други спортови