Уште еден удар за австралискиот опен

И ОФИЦИЈАЛНО: Серена се откажа од Мелбурн

Некогашната тенисерка број 1, која минатата недела се врати назад во игра по породувањето во септември, се повлече од настапот на првиот Грен Слем турнир во 2018 година.

објавено: 5 јануари 2018 - 09:30

Серена Вилијамс се врати во светот на тенисот, откако стана мајка, но на првата проверка, егзибицијата против Јелена Остапенко во Абу Даби, запиша пораз.

Тоа како да беше некој увод во она шо се случи, најдоминатната тенисерка во изминатаат деценија донесе одлука да се повлече од настапите на Австралиан Опен, со образложение дека не е доволно подготвена.

„Можам да се натпреварувам, но не сакам да бидам само учесник. Сакам тоа да биде многу подобро. И затоа ми е потребно малку време"- призна носителот на 23. Грен слем титули во кариерата.

Па така, турнирот кој стартува на 15 јануари и оваа година ќе добие нов шампион во женска конкуренција затоа што оној претходнито го осовиои токму оваа 36 годишна Американка.

Најново во Други спортови