Интересен дуел во Пит Сампрас групата

Историска победа за Димитров и Бугарија на Мастерсот во Лондон

Григор Димитров има победнички старт на завршнито Мастерс турнир на најдобрите 8 тенисери на светот, а и донесе и историска победа на Бугарија, откако со 2:1 во сетови го надигра Доминик Тим

објавено: 13 ноември 2017 - 17:43

Григор Димитров има победнички старт на завршнито Мастерс турнир на најдобрите 8 тенисери на светот, а и донесе и историска победа на Бугарија, откако со 2:1 во сетови го надигра Доминик Тим.

Димитров за првпат игра на завршниот Мастерс, а стартот е победнички, иако се намачи да дојде до првуиот триумф. првиот сет го доби со 6:3, но потоа потклекна во клучен момент и дозволи Австриецот да му направи брејк на 6:5, со што двајцата тенисери повторно тргнаа од почеток во решавачки трет сет. По многу пресврти, Тим спаси сет на ривалот за победа и израмни на 5:5, но Димитров се разбуди и со две игри по ред славеше со 6:3, 5:7, 7:5.

Подоцна во истата група премиерен меч играат Рафа Надал и Давид Гофан.

Најново во Други спортови