МАКЕДОНЕЦОТ СИГУРЕН И ВО ВТОРАТА РУНДА

Јотовски четвртфиналист во Добој

Јотовски рутинирано се најде меѓу осумте најдобри на турнирот во Добој, а следна пречка му е Црногорецот Челебиќ со кого има позитивен скор во меѓусебните дуели

објавено: 17 мај 2018 - 13:00

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски, се пласираше во четвртфиналето на Фјучрс турнирот во Добој, БиХ, откако во втората рунда на овој турнир на земјена подлога со награден фонд од 15.000 долари, беше подобар од Германецот Кристијан Хиршмилер со 6:3, 6:3. Германецот поведе со 2-1 во првиот сет, а потоа нашиот „рекет број 1“ освои пет од наредните шест гејма и го зеде сетот. Во вториот сет, Јотовски рано ја презеде контролата, поведе со 4-1 и рутински го приведе мечот кон крај. Иако во двата сета се играа по 9 гејма, вториот траеше 19 минути пократко, и Томи зачува сила за следното коло во кое се среќава со нему добро познатиот Љубомир Челебиќ, кој е шести носител.

Јотовски има позитивен скор во дуелите со Црногорецот, па ако го совлада и овојпат, ќе собере солиден број на бодови за скок за АТП-листата. Јотовски е трети носител во Добој, па пласман во полуфиналето нема да претставува никакво изненадување. 

 

Најново во Други спортови