Македонецот игра одличен тенис во Турција

Јотовски доминира во дубл

Нашиот најдобар машки рекет се пласираше во полуфиналето во конкуренција на двојки откако заедно со Украинецот Алексенко го „збришаа" домашниот пар Јоандре/Манда препуштајќи им само еден гејм

објавено: 20 април 2017 - 17:17

Томислав Јотовски и Вадим Алексенко се пласираа во полуфиналето во конкуренција на двојки на фјучр турнирот во Анталија, Турција. Нашиот најдобар машки тенисер и партнерот од Украина играат одличен турнир.

По елиминацијата на првите носители, Томи и Вадим во четврт-финалето го збришаа романскиот пар Сорин Јорданче и Калин Манда со 6:1, 6:0.

Во наредната, полуфинална фаза ќе играат против домашниот пар кои воедно се и трети носители Сарп Агабигун и Атуг Чаликбилек.

И Лина Ѓорческа има исто така одличен настап на силниот фјучр турнир во Кијасо.

Македонката по успехот во поединечниот дел каде што се пласираше во четврт-финалето, се појави и во конкуренциија на двојки каде што исто така блескаше.

Заедно со Бугарката Александра Најденова во четврт-финалето ги победија Швајцарките Ин-Албон и Кенел со 6:3, 6:2. Во полуфиналето ќе играат против Французинката Миртил Жорж и Тес Суњо од Швајцарија.

Најново во Други спортови