ВО МЕЧ КОЈ ТРАЕШЕ РЕЧИСИ ДВА И ПОЛ ЧАСА

Јотовски го доби „маратонот“ против Бразилецот

Најдобриот македонски тенисер го помина првото коло на турнирот во Ровињ

објавено: 8 март 2018 - 15:10

Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски успешно го помина првото кооо на турнирот во Ровињ, Хрватска, откако во „маратонски“ меч славеше против Бразилецот Бруно Сант'Ана со 6-3, 0-6, 7-6.

Откако го доби првиот сет, јотовски убедливо го загуби вториот, без да освои гем. Вистинска драма се случуваше во решавачкиот трет сет. Јотовски поведе со 4-0, но наместо да го докрајчи противникот, му дозволи на Бразилецот да направи голем пресврт и да поведе со 5-4. Потоа томи се спасуваше и изедначуваше на 5-5 и 6-6. Во тај-брејкот, Јотовски губеше со 4-5, но ги освои последните три поени и дојде до победата.

Сант'Ана е 452. на светската ранг листа, што е за 95. места подобро од Македонецот. Јотовски е 18-ти носител на турнирот, а сега во второто коло ќе се сретне со Зденек Колар од Чешка, кој е прв фаворит и 226-ти на АТП листата. Турнирот во Ровињ се игра на земјена подлога и е со награден фонд од 15.000 долари.

Најново во Други спортови