НА ТУРНИРОТ ВО КИСЕЉАК, БИХ

Јотовски го предаде полуфиналето

Македонскиот „рекет број 1“ се предаде при 6-7, 0-3

објавено: 2 јуни 2018 - 13:47

Томислав Јотовски е елиминиран во полуфиналето на турнирот во Кисељак, БиХ, откако при резултат 6-7, 0-3, го предаде дуелот со Словенецот Кочевар Десман. По првите 12 гејма, резултатот беше 6-6, а во тај-брејкот Јотовски загуби со 2-7 и сетот му припадна на противникот. Потоа за 17 минути игра во вториот сет, сите три гејма ги освои Кочевар, па Јотовски веќе не сакаше да ги трпи болките и го предаде мечот. Јотовски беше во улога на втор носител на овој турнир со награден фонд од 15.000 долари. 

Сега на Јотовски му претстои одмор, а потоа стартува со подготовки за настапот на Медитеранските игри во Тарагона. 

Најново во Други спортови