Македонецот на убедлив начин го елиминираше 226. тенисер

Јотовски го „срамни со земја“ бројот 1 во Ровињ!

Најдобриот македонски тенисер, Томислав Јотовски, многу полесно од очекувањата го победи Чехот Зденек Колар со 6-2, 6-2, и се пласираше во третото коло на фјучрс турнирот во Ровињ

објавено: 9 март 2018 - 17:50

Најдобриот македонски тенисер, Томислав Јотовски, многу полесно од очекувањата го победи Чехот Зденек Колар со 6-2, 6-2, и се пласираше во третото коло на фјучрс турнирот во хрватскиот град Ровињ.

Колар беше главен фаворит на турнирот, станува збор за прв носител и моментно 226. на АТП листата. Но, тоа не беше пречка за Јотовски, кој со одлична игра го надигра противникот.

После прескокнувањето на оваа сериозна пречка, на Јотовски му е отворен патот можеби и до финале или освојување на турнирот.

Во четвртфиналето, Македонецот ќе се сретне со Чехот Неједли или Хрватот Делиќ.

Најново во Други спортови