Македонецот успеа да влезе во главниот дел на турнирот

Јотовски како „среќен губитник“ ќе игра во Форт Лодердејл

Нашиот тенисер иако изгуби во последното квалификациско коло, сепак, како „среќен губитник" се најде во главниот ждреб на фјучр турнирот вреден 15.000 американски долари

објавено: 10 јануари 2017 - 11:47

Томислав Јотовски успеа да влезе во главниот дел на фјучр турнирот во Форт Лодердејл, вреден 15 илјади американски долари.

Најдобриот македонски машки тенисер, иако изгуби во последното квалификациско коло, сепак, како „лаки лузер" ќе се бори за добар резултат, кој ќе му донесе нов АТП поен.
Во првото коло, Томи ќе се соочи со Бразилецот Рикардо Хоцевар кој е позициониран на 559. место на АТП листата.

Јотовски ќе игра и во конкуренција на двојки. Таму, пак, заедно со Масиеј Рајски од Полска, во првото коло ќе играат против Томислав Бркиќ (БиХ) и Србинот Никола Чачиќ.

Најново во Други спортови