Успешен старт на нашиот најдоброрангиран тенисер

Јотовски победи во сингл, следен меч во Хамамет му е против партнерот во двојки

Томислав Јотовски имаше победнички старт на фјучрс турнирот во Хамамет, Тунис и со 6:4, 6:2 го елиминира Жорди Муњоз Абреу. Нашиот најдоброрангиран тенисер ќе има интересна пресметка во второто коло

објавено: 20 март 2018 - 14:55

Томислав Јотовски имаше победнички старт на фјучрс турнирот во Хамамет, Тунис и со 6:4, 6:2 го елиминира Жорди Муњоз Абреу. Нашиот најдоброрангиран тенисер ќе има интересна пресметка во второто коло, против партнерот во дубл, Дује Кекез од Хрватска.

Тие двајца ќе играат меѓусебе во сингл, а потоа ќе настапат како тандем во игра на двојки. Јотовски е осми носител на турнирот на земја со награден фонд од 15 илјади долари.

Најново во Други спортови