Македонскиот рекет одлучи да се откаже во првото коло

Јотовски се предаде на стартот

Македонскиот тенисер поради повреда на зглобот на раката не успеа да го заврши мечот од првото коло на фјучр турнирот Тунис

објавено: 28 март 2017 - 15:20

Томислав Јотовски поради повреда на зглобот на раката мораше да се откаже од настап во главниот дел на фјучр турнирот во Хамамет, Тунис. Македонецот мораше да го предаде мечот на квалификантот Флорент Диеп од Франција. При резултат 6:3, 4:0, Јотовски одлучи да му честита на противникот.

Повредата која го мачи нашиот најдобар тенисер веќе подолг период има проблеми со таа повреда и очигледно е дека ќе бидат потребни дополнителни третмани за лекување на истата.

Најново во Други спортови