НА ТУРНИРОТ ВО ХАМАМЕТ

Јотовски сигурен и во сингл и во дубл во Тунис

Со серија од 9:0 во гемови, Томислав успеа да слави со 2:0 во сетови против Габриели од Италија

објавено: 28 март 2018 - 19:12

Успешен старт имаше најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски, на фјучрс турнирот Хамамет во Тунис, кој има награден фонд од 15.000 долари. Во првото коло, Јотовски со 2:0 во сетови го победи Томасо Габриели од Италија.

Откако противникот поведе со 4:3 во првиот сет, следуваше вистинско шоу на Јотовски. Нашиот тенисер ги доби следните девет гема по ред и на крајот славеше со 6:4, 6:0. И во дубл конкуренцијата, популарниот Томи го помина првиот противник.

Во второто коло во синг конкуренцијата, противник на Јотовски ќе биде Кестелбоим од Аргентина, кој е трет нисител на турнирот.

Најново во Други спортови