ЗАГРИЖУВАЧКА СЛИКА ОД МЕЛБУРН

Како ќе игра Чилиќ со вакво стaпало (ФОТО)

Марин Чилиќ се пласираше во финалето на Австралиан Опен, откако во три сета беше подобар од Британецот Кајл Едмунд.

објавено: 25 јануари 2018 - 16:28

Марин Чилиќ се пласираше во финалето на Австралиан Опен, откако во три сета беше подобар од Британецот Кајл Едмунд.

Со тоа хрватскиот тенисер стигна до своето трето Грен слем финале во кариерата, после она на УС Опен во 2014 година, и на ланскиот Вимблдон. Тоа ќе го искачи на третата позиција во светскиот поредок, и го прави 27. тенисер во историјата со играње на три финалиња на различни Грен слем турнири.
Но во мечот кој траеше 140.минути, Чилиќ повторно се пожали на некои, како што ги нарекува стандардни проблеми.

Пред се со „израстоците" на десното стапало, и болките кои ги предизвикуваат за време на играта. И тоа како видливи откако во еден момент, Марин ја соблече чорапата и патиката за да провери во каква „ситуација" е тој дел од неговото тело.
Нималку добар во пресрет на последниот натпревар на турнирот во Мелбурн. Со кого, ќе дознае во текот на утрината кога Роџер Федерер игра со најголемото изненадување на собирот во Австралија, Кореецот Хјеон Чунг.

Најново во Други спортови