ЛОШАТА НИЗА НА РОМАНКАТА ПРОДОЛЖУВА

Касаткина со „лекција“ за Халеп, Мугуруза сигурна

Светската тенисерка број 2, Симона Халеп загуби во второто коло на Вухан опен во Кина, губејќи со неверојатни 6:2/6:1 од Русинката Дарја Касаткина, како деветта носителка која загуби во првиот натпревар на турнирот

објавено: 26 септември 2017 - 17:00

Халеп започна силно и веднаш направи брејк, но оттогаш нејзината игра се „распадна“, посебно на свој сервис - освојувајќи само 12% од поените на втор сервис. 25-годишната Романка го играше првиот меч по поразот во првото коло од УС опен од Марија Шарапова.

„Не играв цел месец и некогаш е тешко да се вратиш по подолга пауза. Можеби згрешив што не настапив на повеќе турнири, но навистина бев уморна по американската сезона. По УС опен забележав дека мојот сервис е безопасен против најдобрите тенисерки и затоа решив да работам на тоа“, вели Халеп.

Вакви проблеми немаше светската тенисерка број 1, Шпанката Гарбиње Мугуруза, која со 6:4/6:4 ја совлада Украинката Лесија Цуренко.

Најново во Други спортови