СЛОВАЧКАТА ОДИ ПОНАТАМУ СО САМО ЕДНА ПОБЕДА

Кербер и Цибулкова во полуфиналето во Сингапур

Светската тенисерка број 1, Анџелике Кербер и словачката Доминика Цибулкова обезбедија место во полуфиналето на ВТА-финалето во Сингапур

објавено: 27 октомври 2016 - 15:23

Германката Кербер ја совлада Американката Медисон Киз со 6:3/6:3 за трета победа во исто толку мечеви за првпат во кариерата да влезе во полуфиналето. На Цибулкова и беше потребно Германката да победи во два сета, што се случи, откако со 6:3/7:6(5) ја победи Романката Симона Халеп. Со овој скор, Кербер има 3-0, додека Цибулкова, Халеп и Киз завршуваат со само една победа во Црвената група.

Од белата група, вчера, пласман во полуфиналето обезбеди Русинката Светлана Кузнецова. Победникот на дуелот меѓу актуелната шампионка, Агњешка Радвањска и Каролина Плишкова ќе го обезбеди последното полуфинално место. 

Најново во Други спортови