ГЕРМАНКАТА Е ПРЕСРЕЌНА

Кербер се сретна со Обама

Кога си светска тенисерка број 1, вратите сами се отвараат. Анџелике Кербер ја комплетираше нејзината најуспешна сезона во кариерата со селфи со се уште актуелниот американски претседател, Барак Обама

објавено: 17 ноември 2016 - 21:10

Кербер оваа година победи на Австралискиот опен и на УС опен и ја симна од тенискиот трон Американката Серена Вилијамс, така што 2016 година може да се оцени како сезона од соништата. Состанокот со 44. американски претседател (во заминување), само ја комплетираше годината. 

Најново во Други спортови