АВСТРАЛИЕЦОТ СО СУПЕР-ПОБEДА

Кирјиос го „суреди“ Надал

Рафаел Надал не можеше да добие два меча во еден ден на Мастерсот во Синсинати, откако по 7:6(1)/6:2 победата над шпанскиот сонародник Алберт Рамос-Вињолас, пет часа подоцна загуби со 6:2/7:5 од Австралиецот Ник Кирјиос

објавено: 19 август 2017 - 08:30

Кирјиос имаше одличен старт на првиот сет, поведувајќи со 4:0, по што Надал, кој од понеделник ќе биде новиот светски рекет број 1, го крена нивото на игра во вториот сет. Во израмнетиот втор сет, Надал загуби два брејка во финишот за мечот за неочекуван пораз.

„Ник е одличен тенисер и не сакам да му одземам ништо во победата, но не играв добро, нели?“, изјави Надал.

Во полуфиналето, Кирјиос ќе игра со уште еден Шпанец, 35-годишниот ветеран Давид Ферер, кој со 6:3/6:3 го исфрли третиот носител Доминик Тим. Во второто полуфинале, Американецот Џон Изнер ќе игра со седмиот носител, Бугарот Григор Димитров.

„Против Ферер нема да биде лесно. Колку години тој е на турнејата? Плус оваа година игра многу подобро од лани, и има висока самодоверба“, вели Кирјиос.

ВЕСТЕРН & САУТЕРН ОПЕН, 1/4 ФИНАЛЕ

Кирјиос (Авс) - (1) Надал (Шпа) 6:2/7:5

Ферер (Шпа) - (3) Тим (Авт) 6:3/6:3

(7) Димитров (Буг) - Сугита (Јап) 6:2/6:1

(14) Изнер (САД) - Доналдсон (САД) 7:6(4)/7:5

Најново во Други спортови