СВЕТСКАТА ТЕНИСКА АСОЦИЈАЦИЈА БЕЗ МИЛОСТ КОН ИТАЛИЈАНЕЦОТ

ЌЕ „ПЛАТИ" ЗА КОМЕНТАРИТЕ: Догодина без „брбливиот" Фоњини во Њујорк

Најдобриот италијански тенисер е суспендиран условно од играње на наредните два турнири од Грен слем серијата, од кои едне ќе биде на УС Опен, доколку го повтори испадот од овогодинешниот...

објавено: 11 октомври 2017 - 20:00

Фабио Фоњини, најдобриот тенисер на Италија се соочува со ригорозна казна која му ја подготви Светската тениска асоцијација.

Фоњини, кој беше исфрлен од последниот Грен слем турнир, поради незгодните коментари на адреса на сусијата Луиз Енгзел, може да не игра на наредните два големи турнири, затоа што доби условна суспензија, од две неучества на најсилните турнири во АТП турот.
А еден од нив ќе биде токму УС Опен, каде што ја направи грешката.
Иако во меѓувреме испрати и официјално извинување, освен условната суспензија, Фоњини ќе мора да плати и парична казна во висина од 96.000 евра.

Најново во Други спортови