ШВАЈЦАРЕЦОТ СТИГНА ДО 19 ГРЕНД СЛЕМ

Класата е вечна - Федерер е „кралот“ на Вимблдон

Во финалето на најстариот турнир во светот, Роџер лесно, со 3:0 во сетови го победи Марин Чилиќ

објавено: 16 јули 2017 - 16:54

Роџер Федерер уште еднаш ја покажа својата класа. Швајцарецот е освојувач на Вимблдон. За него ова е осма титула на најстариот тениски турнир во светот. Во финалето на Гренд слемот, Федерер со 3:0 во сетови го победи Марин Чилиќ. 

Во првиот сет Федерер беше подобар со 6:3, а во вториот беше уште поубедлив, добивајќи го со 6:1. По овие два сета, Хрватот како да се предаде. Федерер финалето го реши, откако третиот сет го доби со 6:4. За Федерер ова е 19 Гренд слем титула, рекорд кој е недостижен за ниту еден друг тенисер. 

По пауза од пет години, Федерер повторно е на тронот на Вимблдон. По втор пат во кариерата се радува на трофеј на Гренд слем турнир, без да загуби ниту еден сет. Федерер и во 35-тата година во животот покажа дека е незаменлив. 

Најново во Други спортови