РОЏЕР ФЕДЕРЕР Е МНОГУ РЕАЛЕН:

КОГА ЌЕ СЕ ВРАТАТ НОВАК И ЕНДИ - Нема да освојувам толку титули

Швајцарецот вели дека во следната сезона сигурно ќе игра во Австралија, на Вимблдон и УС Опенот, а за се друго, само ако биде 100% подготвен.

објавено: 12 декември 2017 - 21:30

И оваа година Роџер Федерер им покажа на сите за што е подготвен, и Швајцарецот се надева дека тоа ќе продолжи и во наредната.

Годината ја заврши со седум титули, и на второто место на АТП листата иако го пропушти оној земјен дел од сезоната.
Свесен е и за тоа дека во наредната ќе биде уште потешко, особено ако се земе в предвид дека во игра се враќа и Новак Ѓоковиќ, но и Енди Мареј.

„Во 2018 нема да ги доживеам истите емоции како и во оваа 2017 година, Можеби нема да биде толку добра, но низ сите овие години успевав да се изненадам самиот себеси. Враќањето на Ѓоковиќ, Мареј, Вавринка, Нишикори и Раонич веројатно значи и тоа дека ќе освојам помалку титули"- признава „Федекс".

Потврдува дека нема да ги игра сите турнири во 2018 година.

„Австралиан Опен, Вимблдон и УС Опен се реални цели, За сето она другото помеѓу овие турнири, ќе видиме. Ќе бидам на теренот само ако сум 100% подготвен"- порача Федерер.

Најново во Други спортови