Австриско - шпански дуел ќе гледаме во машкото финале на Ролан Гарос во недела. Доминик Тим против Рафаел Надал. Тим стави крај на приказната на италијанската сензација Марко Чекинато и за првпат во кариерата ќе игра финале на турнир од Грен слем серијата.
Тим го елиминира противникот со 2-1 по сетови (7:5, 7:6(10), 6:1).
Неговиот противник во мечот за трофејот ќе биде ветеранот Рафаел Надал, кралот на земјените терени и бранителот на титулата на Ролан Гарос. Светскиот рекет број 1 го збриша аргентинскиот ривал Хуан Мануел дел Потро со 3-0 во сетови (6:4, 6:1, 6:2) и ќе го брка 11. триумф на престижниот турнир во Париз.
Машкото финале се игра во недела, а ден порано во женска конкуренција за пехарот ќе се борат Симона Халеп и Слоан Стивенс