ТРИ ГОДИНИ СЕ ОДЕШЕ КАКО ШТО ТРЕБА, А ПОТОА...

КОНЕЧНО: Бекер кажа зошто веќе не е тренер на Ноле

Екс-шампионот на Вимблдон кој е во голема финансиска криза, конечно проговори зошто веќе не е во стручниот стожер на српскиот тенисер.

објавено: 10 октомври 2017 - 13:20

Борис Бекер-Новак Ѓоковиќ...

Соработка која беше прекината во текот на ланската година, под услови кои и до денеска не се баш сосема јасни.
По исклучителните три години во кои заедно со Бекер, популарниот Ноле освои шест Грен слем титули, кои својата кулминација ја имаа на Ролан Гарос 2016.
Тоа беше четвртата во серија, за реализација на сонот на Србинот.
Соработката почна во 2013 година...

„Бев во Јоханесбург кога агент на Новак ми се јави и ме праша дали сум слободен да го тренирам. Прашав поради што затоа што е втор тенисер на светот. Агентот на Ѓоковиќ ми рече дека и тоа е проблем"- се присети Бекер.

Дружбата заврши кон крајот на 2016 година, кога Новак Ѓоковиќ го загуби првото место на АТП листата. А Бекер откри што е клучот кога е во прашање профи тенисот, и поради што повеќе не е тренер на „Ноле".

„Тенисот мора да биде на првото место, а семејството на второто. Така е како е... Во спротивно можеме да останеме пријатеи. Но нема да те тренирам"- објасни Германецот.

Од Ролан Гарос, формата на Ѓоковиќ е во голем пад, а после Вимблдон оваа година, Србинот одлучи да направи пауза до почетокот на 2018 година, поради повреда на лактот.

 

Најново во Други спортови