Најдобрата наша тенисерка против тениската легенда

Лина vs. Мартина Хингинс

Македонскиот рекет број еден во четврт-финалето на ВТА турнирот во конкуренција на двојки ќе ја има петкратната освојувачка на гренд слем титулите и легенда на овој спорт. Мечот е закажан за утревечер, најрано од 20 часот

објавено: 12 април 2017 - 23:18

Лина Ѓорческа ќе игра против Мартина Хингис на ВТА турнирот во Бил, Швајцарија.

Македонскиот рекет број еден во конкуренција на двојки попладнево заедно со Анастасија Комардина без мака се пласираа во наредната фаза по откажувањето на двоецот Вотсон/Мертенс. Таму ќе ја дочека легендата на тенисот, Мартина Хингис која игра заедно со Тимеа Бачински. Овој пар во последниот меч кој започна нешто пред 22 часот ги победи Марчинкевица и Витоефт со 6:2, 6:3.

Според најавите, мечот меѓу Ѓорческа/Комардина и Хингис/Бачински најрано ќе се игра утревечер од 20 часот.

 

Најново во Други спортови