од денеска и официјално се врати на тронот на ранг листата

„Кралот“ Роџер Федерер со прво место на АТП за антологија

Со освојувањето на турнирот во Ротердам, Швајцарецот само потврди дека му нема рамен во цел свет

објавено: 19 февруари 2018 - 08:50

Роџер Федерер е феномен кој засекогаш ќе биде запаметен во тенисот. Швајцаскиот тенисер од денеска и официјално се врати на првото место на АТП листата, потиснувајќи го Рафаел Надал на второто место. 

Ова е историско рангирање во светскиот тенис, бидејќи Федерер со 36 години шест месеци и 11 дена, стана најстариот тенисер кој бил број 1 на АТП.

Дека рангирањето е реално и во пракса, покажа Федерер синоќа. Роџер триумфираше на турнирот во Ротердам. Во финалето, Федерер без никакви проблеми со 6:2, 6:2 славеше против 10 години помладиот Григор Димитров од Бугарија. 

Најново во Други спортови